За прв пат од 2010 година, пад на работни места во САД
Пад на работните места во САД за прв пат од 2010 година. Податоците за вработеноста за септември ја одразуваат интерференцијата во голем број сектори кои ураганите Харви и Ирма ги нанесоа, пренесе Bloomberg.
Харви го нападна главно Тексас во крајот на август, а Ирма нанесе штета претежно во Флорида во почетокот на септември.
Работодавците во САД бришат 33 илјади работни места (податоците не го вклучуваат секторот Земјоделство), откако во август имаше раст од 169 илјади.
За периодот јули-август има ревизии кои го снижуваат вработувањето со 38 илјади работни места.
Сепак, невработеноста се намали од 4,4% на 4,2%, што е најниско ниво од февруари 2001 година, се повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат на редовите на економски активни луѓе.
Просечните часовни примања растат со 0,5% на месечна основа, што е над очекувањата за зголемување од 0,3 отсто. На годишна основа, растот од 2,9%, исто ги надминува проекциите за 2,6% .
