Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат намален бројот на вработени во македонската администрација

За прв пат намален бројот на вработени во македонската администрација

Министерот за информатичко општество Дамја Манчевски во своето гостување на Алсат ТВ откри дека во 2017 година, за првпат после децении има помал број на вработени во јавниот сектор со 1.000 лица помалку во однос на претходната година.

Манчевски во емисијата „Патот кон…“; за почетокот на 2019 година најави суштински измени во организацијата на системот и на јавната администрација. Манчевски рече дека анализите на состојбите се при крај и ги објасни постапките на новата системска реформа на администрацијата.

„Во 2019 влегуваме во суштински измени во организацијата на системот. Оние институции што се вишок, ќе се укинат, оние кои што се преклопуваат со ингиренциите, ќе се спојат, оние кои што се мали иниституции, што ги нарекуваме човек-институција, ќе се прилепат кон поголемите институции. Ако има потреба ќе се формира нова институција, но во екстремни случаи кога има некоја нова функционалност што никој друг не ја прави во системот. На крајот на оваа анализа, ќе го имаме не само точниот број, туку и точниот список на луѓе кои што согласно таа анализа, во овој момент можеби не се најпотребни на системот, а имаме дефицит на други места“, рече Манчевски.


Слично

Поврзани вести