Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат ќе купуваме 3.000 тони ориз државна резерва

За прв пат ќе купуваме 3.000 тони ориз државна резерва

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, соопшти дека се е подготвено за прв пат да се откупат 3.000 тони оризова арпа како државна резерва.

„Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници“, речетој во емисијата „Аграр“.

Министерот додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.

„Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста“, истакна министерот.

Како што додаде Трипуновски, важно е и тоа стоковите резерви да се полнат со македонски производи.


Слично

Поврзани вести