ЗА ПРВ ПАТ ИЗОЛИРАНИ ПОВЕЌЕ ВАРИЈАНТИ ИСТОВРЕМЕНО: Кај пациент од Република Српска пронајден и оригиналниот вухански сој и други мутации
Оригиналниот вухански
вид на корона вирусот, но и други мутации се изолирани кај еден пациент во Република
Српска.
-Со тестирање на примероците на корона вирусот во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, кај еден од пациентите за прв пат е пронајден и изворниот вухански сој, но и британската и јужноафриканската варијанта, вели за новинската агенција Срна, Вишња Мрѓен, специјалист по микробиологија и паразитологија и субспецијалист по вирусологија.
Таа посочува дека понатамошната дијагностика мора да се продолжи со секвенционирање на вирусот, што ќе го спроведува Институтот за јавно здравје.
- Теоретски е можно да се открие присуство на два вида на корона вирусот кај еден пациент. Понатамошната и целосна дијагностика се заокружува со секвенционирање, што ќе го прават колегите од Институтот - објасни Мрѓен.
