Економија, финансии, бизнис

Контакт

За провладини медиуми „шарената револуција“ е еднаква на ИСИС

За провладини медиуми „шарената револуција“ е еднаква на ИСИС

Граѓански презир и лавина од негативни коментари предизвика споредбата на провладино настроените медиуми на шарената револуција со Исламска држава.

Откако многу портали меѓу кои и Фактор објави дека протестантите од „шарената револуција“ добиле поддршка од далечниот Бали, погоре спомнатите медиуми преку монтирана фотографија се обидоа да направат споредба на граѓаните кои самоинцијативно во организација на граѓанското (непартиско) движење „протестирам“ со џихадистите кои немилосрдно масакрираат невини луѓе и се креатори на неколкуте бомбашки напади во Европа .

kuriri

Од „Протестирам“ ги потсетија провладините портали дека граѓаните кои веќе четврта недела се на улица протестираат против скандалозната одлука за помилување на претседателот Иванов и бараат правда за сите криминалци и мафијаши да одговараат за злоделата, протестираат против корупција како начин на владеење и низа други причини кои велат го нарушуваат човечкото достоинство.

Во денешниот фокус на „Протестирам“ е Македонската радио телевизија.

Протестантите во моментов се движат кон јавниот сервис.

Слично

Поврзани вести