Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прочистување на списокот со гласачи ДИК ќе ја менува методологијата

За прочистување на списокот со гласачи ДИК ќе ја менува методологијата

ДИК интензивно работи на промена на методологиите за пречистување на избирачкиот список, пренесува  Телма.

Нив деновиве треба да им ги достави на разгледување на четирите политички партии. Тие за три дена заедно со меѓународните набљудувачи, повторно ќе дојдат во ДИК на средба на специјалната работна група за избирачки список.

ДИК треба да одлучи што ќе се справи со 40.000 спорни гласачи. Од нив околу 18.000 се граѓани кои добиле биометриски документ, но не поднеле апликација во МВР или ги нема во ниту една друга база на податоци освен во МВР. Постојат и други десетина причини поради кои овие записи се сомнителни.

Тие најверојатно ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК. При тоа ДИК ќе организира кампања и ќе ги повика овие гласачи во рок од неколку недели самите да се јават и да ги коригираат спорните податоци. Ако тоа не го направат, ќе бидат избришани од списокот.

ДИК одлучува и за 172.000 граѓани кои повеќе од три месеци не живеат во земјава. Голем дел од нив при теренските проверки не се најдени дома, а роднините кажале дека се во странство.

Слично

Поврзани вести