Економија, финансии, бизнис

Контакт

За правење „трето дете“ ќе има време и по носењето на законот

За правење  „трето дете“ ќе има време и по носењето на законот

Брачните партнери ќе имаат време за планирање трето или четврто дете и за тоа да го добијат повеќегодишниот државен надомест дури и откако ќе се донесе новиот закон со кој ќе се укине оваа мерка, појасни Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика. Станува збор за период од 10 месеци по укинувањето на оваа мерка.

Тоа значи дека надомест за трето дете, кој изнесува 8.000 денари и се исплаќа во период од 10 години, нема да продолжат да го добиваат оние кои досега го стекнале, туку ќе имаат шанса за „последен воз“ и оние кои се уште немаат таков план.

- За сите оние коишто го оствариле правото досега и оние коишто ќе го остварат правото во наредните 10 месеци по носење на законот за да може да го родат детето што веќе е зачнато, ќе го остваруваат правото уште 10 години по стариот закон. По овој период и понатаму ќе продолжиме со еднократна исплата за прво, второ и трето дете, појасни министерката Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање.

Министерката истакна и дека државата мора да ја менува политиката кога станува збор за наталитетот бидејќи досегашните субвенции не ги дале очекуваните резултати.


Слично

Поврзани вести