Економија, финансии, бизнис

Контакт

За повик во Косово ќе свртите +383

За повик во Косово ќе свртите +383

Косово по долги обиди конечно ќе добие меѓународно признат телефонски код за повикување што го издвојува како територија од Србија во меѓународните телекомуникациски услуги. 

Косовската министерка за дијалог Едита Тахири денеска изјави дека Меѓународната телекомуникациска унија, врз основа на Бриселскиот договор, на Косово службено му е доделен повикувачки број +383.

Министерката Тахири оцени дека станува збор за „историска придобивка во областа на телекомуникациите, со што се зајакнува меѓународниот субјективитет на Косово“.

Шефот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ претходно нагласи дека повикувачкиот број +383 е во сопственост на Србија и му е доделен на Косово како на географска, а не меѓународна област, јави Танјуг


Слично

Поврзани вести