За помалку од три часа официјално започнува летото!
Иако временските услови деновиве не укажуваат дека летото е на прагот сепак официјалната денешна дата јавува дека летото треба да ни пристигне во 12:51 часот.
Летото е едно од четирите годишни времиња, кое по конвенција на северната хемисфера трае од дел од јуни, цели јули и август и дел од септември, додека на јужната хемисфера од дел на декември, цел јануари, февруари до дел на март. На денот на почетокот на летото, т.е., долгодневница (летен солстициј), во северната хемисфера обична паѓа на 22 јуни, кога денот е најдолг а ноќта е најкратка. Во јужната хемисфера пак, 22 декември се смета за почетокот на летото.
Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.Денешниот ден се смета за најдолг во годината и ќе трае 15 часа 14 минути, а ноќта е најкратка 8 часа и 46 минути.
Слично
