За помалку од месец дена почнува туристичката сезона во Грција
Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега, на 1 март.
Mинистерот за туризам Василис Кикиљас рече земјата испраќа силна порака за безбедност до нејзините посетители со валиден европски сертификат, јави дописничката на МИА од Атина.
„Нашата земја оваа година ги презема сите неопходни подготвителни чекори за да ги пречека нашите посетители за летната сезона, порано од кога било досега, почнувајќи од 1 март. Грчкиот туризам докажа извонредна издржливост во изминатите две години, испраќајќи силна порака за безбедноста на патниците во нашата земја. Истото ќе го направи и оваа година“, порача Кикиљас.
Мнистерот за здравство на Грција Танос Плеврис изјави дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.
Грција е една од европските земји која зависи од туризмот. Оваа гранка придонесува за 25 проценти од грчкиот БДП.foto freepik.com
