Економија, финансии, бизнис

Контакт

За полицајци се пријавија шест пати повеќе кандидати

За полицајци се пријавија шест пати повеќе кандидати

На конкурсот за прием на 600 нови полицајци се пријавиле 3972 кандидати, соопшти денеска МВР.

Првата фаза на селекција почна денеска, а од пријавените 3063 се Македонци, а 909 се припадници на други етнички заедници, меѓу кои се 617 Албанци, 49 Срби и еден Хрват. Меѓу кандидатите за полицајци се пријавиле и повеќе од 800 жени.

Конечната листа на кандидати кои ја поминале селекцијата ќе се знае во почетокот на октомври, и оние кои влезат на таа листа ќе одат на едногодшна обука за полицајци.

На минатогодишниот конкурс за полициска работа во МВР се пријавија 2622 заинтересирани кандидати.

Слично

Поврзани вести