Економија, финансии, бизнис

Контакт

За плата се бориме, не се молиме - ССМ повика на првомајски протест

За плата се бориме, не се молиме - ССМ повика на првомајски протест

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) повикува на масовен првомајски протест. 

Протестот ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Собирот е закажан за 1 мај во 11 часот, а почетната точка е пред Работничкиот дом во Скопје.

Од ССМ нагласуваат дека борбата за работничките права не е еднократен настан, туку континуиран процес што бара постојана ангажираност. Први Мај, како Меѓународен ден на трудот, според нив, претставува симбол на долгогодишната борба за подобри услови за работа и обврска да се продолжи таа борба и во иднина.

Ова е осма година по ред како синдикатот организира првомајски протест, со цел да испрати силна порака до институциите и работодавачите. Синдикалците потенцираат дека е неопходна поголема солидарност и единство меѓу работниците за да се обезбедат повисоки плати и поправеден третман.

Со протестот, тие очекуваат да се зголеми притисокот врз надлежните за подобрување на условите за работа и заштита на работничките права, нагласувајќи дека достоинствената плата треба да биде основно право, а не привилегија.

ССМ претходно бараше минимална плата од 600 евра и сите други плати да се зголемат за 100 евра, но тоа не се случи. 

Слично

Поврзани вести