За пијаните возачи нудат бесплатно такси
Во хрватскиот град Дубровник пијаните возачи ќе можат да добијат бесплатно такси за празниците.
Веќе четврта година има бесплатна акција во петок и сабота. Од 21 часот до полноќ таксистите бесплатно ќе превезуваат пијани возачи на повик.
Ова е акција на Здружението за безбедност во сообраќајот и „Сино такси“ именувана „Ако пиеш, не вози, само јави се“, која ќе им овозможи на возачите во градот кои не сакаат да седнат зад волан пијани да користат бесплатно такси за празниците.
„Кога зборуваме за млади возачи, морам да кажам дека комбинацијата на алкохол, младост, желба за докажување и адреналин доведува до најсериозни последици“, изјави за ХРТ, Денис Павела од Здружението за безбедност во сообраќајот.
Ваучери за такси за пијани возачи имало и во други градови.
Инаку, Молдавија пијаните возачи ги тера да работат во мртовечница како казна и мерката даде ефект.
