За пет нуклеарни централи во Франција нема да важат строгите еколошки правила
ASN го одобри барањето да се задржат во функција нуклеарните централи Бугеј, Сент Албан, Трикастин, Блајаис и Голфех, дури и ако водата што ја испуштаат ја надминува дозволената температурна граница.
Француската електроенергетска компанија EDF мора да го намали или дури и да го запре производството кога температурите на реките ќе достигнат одреден праг, за да се осигура дека водата што се користи за ладење на постројките не и штети на животната средина кога ќе се врати во водните патишта.
Францускиот нуклеарен регулатор ASN одобри привремено ослободување за пет нуклеарни централи од правилата за испуштање топла вода во реките што може да ги прекршат еколошките стандарди, бидејќи земјата се соочува со енергетска криза.
Инаку според правилата, француската електроенергетска компанија EDF мора да го намали или дури да го запре производството кога температурите на реките ќе достигнат одреден праг, за да се осигура дека водата што се користи за ладење на централата нема да и наштети на животната средина кога ќе се врати во водните патишта.
Изземањето од тоа правило ќе важи до 11 септември. Се проценува дека и оваа недела високи температури ќе ги погодат Франција, Велика Британија и Германија.
Нивото на водата на Рајна, најважната европска река за транспорт на стоки, е толку ниско што реката наскоро практично ќе биде затворена за сообраќај, додава Блумберг.
