ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ: Откриени 13 000 илегални мигранти на територијата на Македонија
Македонските сили за безбедност уапсија над 13 000 илегални мигранти по затворањето на т.н. Балкански пат на 8 март.
Маршрутата беше затворена од Брисел и потоа ЕУ потпиша договор со Турција за запирање на илегалната миграција кон Европа.
Според надлежните и по затворањето на Балканскиот пат до почетокот на август од Грција во Македонија успеале илегално да навлезат барем 26 000 лица, кои потоа се пренесени во Србија, Унгарија и Хрватска.
Сите илегални мигранти доаѓаат само од Грција. За последните 24 часот граничните служби уапсија над 80 мигранти, кои повторно дошле од Грција.
Во моментов тие се наоѓаат во приемениот центар Винојуг крај Гевгелија. Во наредните часови се очекува тие да бидат вратени назад во Грција. Меѓу нив има граѓани од Авганистан, Алжир, Пакистан, Сирија, Мароко и Ирак. Повеќето од нив се економски мигранти.
Огромниот дел од приведените илегални мигранти се уапсени во реонот на македонско-грчката граница. Во исто време е регистриран и голем број шверцери на луѓе кои речиси секој ден паѓа на полициски заседи.
Најчесто тие биваат приведени во село Ваксинце крај Куманово, каде се наоѓа последната станица од патот на територијата на Македонија.
Властите во Скопје се загрижени дека по последните настани во Турција, каде што има над 3,5 милиони бегалци, нема гаранција дека тие ќе останат на територијата на земјата. До денес единствениот миграционен пат кој продолжува да дејствува, е т.н. Медитерански канал кој води кон Италија. Таму секој ден пристигнуваат по неколку стотици мигранти.
Вчера стана јасно дека Грција држи во различни прифатни центри околу 20 000 мигранти недалеку од границите на Бугарија и Македонија.
На 5 јули унгарските власти воведоа дополнителни мерки за безбедноста на границата со Србија и практично таму миграциониот поток е прекинат. Само две недели подоцна српската влада испрати заеднички воено-полициски екипи по границите со Бугарија и Македонија со цел запирање на илегалната миграција. Властите во Белград велат дека по формирањето на заедничките тимови се вратиле назад над 700 лица.
