Економија, финансии, бизнис

Контакт

За пет години – 100 000 нови блокирани сметки

За пет години  – 100 000 нови блокирани сметки
Не запира трендот на пораст на блокирани сметки на фирми и на граѓани. Најновите податоци на Народната Банка покажуваат дека во мај вкупниот број на блокирани сметки по основ на извршни решенија изнесува 156 422. Поголемиот дел од нив се блокирани сметки на физички лица. Вкупен број на блокирани сметки : Физички лица 95 847 Правни лица 60 575 Во исто време, расте и бројот на блокирани граѓани и компании, така во мај во земјава имало 38 998 блокирани фирми и 34 393 блокирани граѓани. Анализата на бројките покажува дека за пет месеци, или во однос на состојбата во декември, 2012 та година, забележан е раст на блокадите и во однос на сметките и во однос на бројот на граѓаните и на компаниите. Од декември до крајот на мај, бројката на блокирани сметки е зголемена за 11 072 новоблокирани жиро сметки. Во истиот период, бројот на блокирана граѓани и фирми е зголемен за речиси 3 700. Влошената финансиска состојба на граѓаните и на приватниот сектор од 2012 та година се прелеа и годинава, пришто податоците укажуваат на натамошен тренд на пораст на блокадите. Со позабрзано темпо расте бројот на блокирани граѓани. Еве како изгледа состојбата на блокирани жиро сметки во период од последните пет години: 2013 та година 156 422 2012 та година 145 350 2011 та година 120 138 2010 та година 89 232 2009 та година 56 313 Од декември 2009 та година до мај годинава, растот изнесува повеќе од 100 000 новоблокирани жиро сметки. Оваа состојба е резултат на активирани судски извршни решенија за присилна наплата на долгови од граѓаните и од фирмите по различни долгови : кон банките, државата и меѓусебе.
Слично

Поврзани вести