За пет дена војна, двојно се зголеми цената на градежно железо
Поминаа само 5 дена од руската инвазија на Украина, но војната веќе и го нанесе првиот сериозен удар на регионалната економија.
Од четвртокот ниту еден брод со арматурно железо не ја напушти Русија или Украина.
Се трупаат барањата на градежниците, но нема кој да ги исполни. За само неколку часа до понеделник наутро цените, кои веќе во претходните месеци пораснаа за 40 отсто, се искачи уште повисоко,
До почетокот на 2021 година, градежното железо чинеше најмногу 850 евра за тон, но во текот на лани порасна за околу 40 отсто и се очекува цената наскоро да се удвои во споредба со тогаш.
Околу 40% од увозот доаѓа од Русија и Украина. Во регионот се увезува и од Турција, Кина, Италија и Грција.
Сепак, Турција со години има квоти за извоз на железо во ЕУ - вкупно 72.000 тони за целина. Од Италија се увезуваат поголеми количини, но 30-40% од тамошното производство зависи од увоз на суровини од Русија и Украина.
