За оваа струка се бара работник повеќе во Македонија
Во услужната дејност во земјава се бара работник повеќе и тоа е секторот со најмногу слободни работни места.
Во Македонија има вкупно 7.430 слободни работни места. Од нив најголем број 2.944 се во услужни дејности и продажба. Во преработувачката индустрија има слободни 1.971, 1.446 во трговијата и 979 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.
Најмногу слабодни работни места има во Скопскиот регион 3.552, а стапката на слободни работни места е највисока во југозападниот регион и изнесува 3,19 отсто.
Највисока стапка на слободни работни места од 1,92 отство има кај деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49.
Слично
