Економија, финансии, бизнис

Контакт

За осум месеци државата направи долг од 68 милиони евра за поврат на ДДВ

За осум месеци државата направи долг од 68 милиони евра за поврат на ДДВ

За периодот на владеење на новата власт, долгот на УЈП кон компаниите за поврат на ДДВ е зголемен на околу 70 милиони евра. Проверката е направена откако фирми се пожалија дека овие средства, потребни за ликвидно работење, им се должат со месеци.

Сумите се од неколку стотици до неколку милиони евра, а доцнењето по 4-6 па и 8 месеци, а кај некои со години. За ТВ21 ова го потврдија и од Сојузот на стопански комори.

Според добиените податоци, од јули лани до крајот на годината, невратениот ДДВ кон компаниите бил речиси 60 милиони евра, а годинава не биле вратени 8 милиони евра. 

Од УЈП тврдат дека повратот на ДДВ се исплаќа редовно, освен во случаите каде што треба дополнителна проверка.


Слично

Поврзани вести