Економија, финансии, бизнис

Контакт

За осум години во Македонија шест пати има(ше) избори

За осум години во Македонија шест пати има(ше) избори
Прво беа парламентарни, па во 2008 по НАТО дебаклот во Букурешт, предвремени парламентарни избори, во 2009 граѓаните избираа претседател на државата, во 2011 повторно имавме предвремени парламентарни избори, во 2013 избиравме градоначалници и советници. Во 2014 влегуваме сигурно со претседателски избори, а се позивесно е дека ќе имаме и предвремени парламентарни избори.  Ако има и предвремени парламентарни избори, тоа значи дека од 2006 година до сега македонските граѓани на избори излегле шест пати. И...што добија македонските граѓани. Живееме ли подобро? Влеговме ли во НАТО? Почнавме ли преговори со ЕУ за влез во европското семејство? Одговорот е јасен, нема потреба од прејудицирање! 2014-та, освежување на меморијата - нови парламентарни избори? Народот ќе наградува и ќе казнува Она на што треба да се подготват граѓаните на Македонија се ветувањата, оние предизборните. Подобар живот, повисоки плати, евтини бензини, инвестиции што се бројат во милијарди. Големи ветувања што ќе будат големи очекувања кај граѓаните. Партиски митинзи, битка за гласачи, ќе се ветува подобра живеачка. Растргнати меѓу ветувањата на партиските идоли и реалноста што секојдневно ги притиска, граѓаните сепак не премногу оптимистички го прифаќаат она што им се сервира преку изборните програми. Од крајни разочарувања до оптимизам дека ветувањата се остварливи. Различни економски програми со иста цел - подобар стандард за македонските граѓаните. Драстични разлики меѓу левицата и десницата во македонскиот политички блок. Стравот да не се изгуби власта и да се купува време е најчестата причина поради која речиси секоја година во земјата се одржуваат избори Дали на сметка на економските теми, сиромаштијата и невработеноста на граѓаните се отвараат политички проблеми? Се добива впечаток дека заради економските проблеми, честопати се фризираат политички, па дури и внатрешно безбедносни проблеми кои треба да иницираат криза во институциите на системот и потоа многу елегатно како решение да се понудат избори, како демек излез од кризата. Туркањето на проблемите под тепих, нема да ги решат истите Македонија се соочува горливи проблеми, најголем секако е спорот со Грција за името. Потешкотии имаме и со економијата, иако Владата од петни жили се обидува да ја прикаже состојбата како добра, сепак реалноста е малку посурова. Невработеноста е голема, иако се прогнозира раст на економијата сепак стандардот на граѓаните е далеку од европскиот. Иако, расте салдото на странски инвестиции, сепак тоа драматично нема да ја подобри ситуацијата во Македонија. Иако, владата тврди дека сме една од земјите во ЕУ која е со мала задолженост, сепак стаса аларм од Брисел - фискалниот дефицит треба да се намали посуштински, отколку што е таргетирано. Европската комисија во својот зимски извештај посочи  дека јавните долгови на државата во кои треба да се вклучат и оние на јавните претпријатија и институциите ќе бидат значително поголеми. Ова значи дека Македонија се соочува со големи проблеми, кои не треба да се ставаат под тепих, затоа што кога тогаш тие ќе излезат на виделина. Тешко е да се поверува дека барем некој од крупните економски проблеми ќе биде решен за кратко време. Во една ваква констелација се поставува прашањето - кој и зошто сака да создаде вештачка политичка криза во земјава? Политичкиот дијалог функционира, исто така и институциите на системот, единствено што не функционира е барањето на ДУИ за консензуален кандидат, затоа што извесно е дека владејачката ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори повторно ќе трча со Ѓорѓе Иванов, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети од поодамна изјави дека подршка за Иванов нема да дадат. И.М
Слично

Поврзани вести