ЗА ОНИЕ ЗА КОИ СУМ САТАНА: Д-р Кон не го крие гневот, испрати силна порака
Епидемиологот и
член на српскиот Кризен штаб за борба против вирусот, д-р Предраг Кон, се
огласи денеска на Фејсбук и уште еднаш потсети дека главниот противник кој
треба да се победи за враќање на нормалниот живот е вирусот.
-Оние за кои сум сатана, продадена душа, предавник, оние кои сметаат дека злонамерно се радувам на повторното растење на бројот на заразени со ковида 19, ги молам, па дури и инсистирам да се фокусираат на единствениот противник на сите нас, а тоа е вирусот, овој пат во делта варијанта. За три недели, бројот на новоинфицирани лица може да стане четирицифрен за еден ден, а болниците веројатно ќе започнат да се полнат за седум дена - напиша тој.
Слично
