ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ЦРНА ГОРА: Во кафулиња, ноќни клубови, ресторани само со сертификат за ковид
Од петок, 30.јули
Црна Гора, по примерот на Франција и Грција, ќе бара пишан, или дигитален
сертификат за вакцинација, однсоно потврда дека лицето е негативно на корона вирусот
при влез во затворени простори.
Потврдата ќе биде потребна и за граѓаните на Црна Гора, но и за странските туристи кои таму ќе летуваат, и за да влезат во затворено кафуле, ноќен клуб или во угостителски објект во земјата ќе мора да го поседуваат сертификатот со кој ќе докажат:
– дека се вакцинирани или дека примиле барем прва доза на вакцина
– негативен ПЦР тест не постар од 72 часа
– сертификат дека прележале корона пред 180 дена (6 месеци)
– брз негативен антигенски тест не постар од 48 часа
Националната ковид-потврда на Црна Гора ќе биде усогласена со ковид-пасошите на други ЕУ-земји, пренесува Блиц.
Сертификатот ќе го издава Министерството за здравство, а ќе може да се зачува и на мобилниот телефон. Со скенирање на QR-кодот, вратарите од кој било клуб или ресторан ќе можат да видат дали барем еден од овие критериуми свети „зелено“, што би значело дека лицето ги исполнува условите за да влезе во затворен простор.
Последна опција на тие кои ќе сакаат да се забавуваат во некој ноќен клуб би била да направат ПЦР или БАТ-тест додека се на одмор, и на тој начин да добијат потврда која ќе мора да ја носат со себе на влезот во просторијата.
