Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ПАТУВААТ: Возете внимателно, коловозите се влажни!

ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ПАТУВААТ: Возете внимателно, коловозите се влажни!

Празнични патувања кај блиски во друг град најверојатно планираат многумина.

Затоа тие што ќе патувате внимавајте и возете со прилагодена брзина бидејќи коловозите се влажни.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани - Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Слично

Поврзани вести