За НСДП нема услови за фер и слободни избори на 5 јуни
Лидерот на НСДП, Тито Петковски денеска на средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен информираше дека не постојат никакви елементарни услови за одржување на фер и слободни избори на 5 јуни.
Тој објасни дека се нерешени проблемите со прочистувањето на избирачкиот список.
„Владејачката партија целосно ги блокираше обидите за започнување на реформите во медиумите со цел да може да продолжи со нивната злоупотреба во пропагандни цели, сведочиме на дополнително злоупотребување на државниот апарат и ресурси за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, односно целокупните државни капацитети се партиски подредени и инструментализирани, а анкетната комисијата во Собраниетo целосно не профункционира. Практично сите обврски кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема со договорот од Прижино се целосно нереализирани“- кажа Петковски.
Петковски рече дека со одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорѓе Иванов се направи минирање на договорот од Пржино. Тој го информираше Петерсен за постојаното укажување на НСДП дека со криминалци, политички преговори се невозможни. Според Петковски, не смее да се оди на избори без претходно утврдување на одговорност на сите кои учествувале во организирање и спроведување на фалсификувани избори.
