Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Ни требаат и домашни и странски инвеститори!

ЗА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Ни требаат и домашни и странски инвеститори!

За нови работни места нас ни требаат и домашни и странски инвеститори и тука нема дилема.

Ова е ставот на Министерот Ставрески кој во интервју за ТВ Сител посочи дека околу 14.600 лица работат во фабрики во зоните откаде земаат плата и имаат перспектива, а ако ги нема тие фабрики тогаш луѓето би останале без перспектива и ќе се истакне проблемот на сиромаштија и невработеност.

Ставрески го напомена секојдневното критикување на опозицијата, но и покрај тоа Владата работела со сите можни инструменти да се донесат нови инвеститори и во секој град во земјава да се отворат нови фабрики.

„Кога во Прилеп ќе дојдат Гентерм и ќе отворат 1.500 нови работни места или во Кавадарци - Дрекслемаер со 5.700 работни места или во Штип - Џонсон Контролс, сите тие отвораат работни места каде младите луѓе можат да најдат работа“, изјави министерот.

Тој ја повика опозицијата да се увери во намалената невработеност на граѓаните и впечатокот на земјава е далеку подобрен благодарение на станските инвестиции.

Слично

Поврзани вести