Економија, финансии, бизнис

Контакт

За нови криптовалути нема место во Евро зоната

За нови криптовалути нема место во Евро зоната

Европската Унија и натаму води ригидна монетарна политика и не дозволува нарушување на „хегемонијата“ на единствената европска валута „Еврото“, за сметка на создавање на нова крипто валута и тоа внатре во нејзината „Евро“ зона.

Марио Драги, претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) не чекаше многу пред да ја отфрли идејата на естонските национални финансиски институции да издадат сопствена криптовалута и самостојно да управуваат со неа.

„Ниту една членка на еврозоната не може да креира своја нова валута, па ни криптовалута. Единствена валута е еврото“, беше јасен Драги.

Естонците како лидери во електронските системи и напредни услуги имаше надежи дека електронска валута би се викала „есткоин“, а тргувањето со неа би помогнало за инвестиции во земјата.

Сепак, за разлика од постојните криптовалути, вредноста на „есткоинот“, барем на почетокот, би била одредувана од јавно финансирана програма со донации на заинтересираните корисници и потенцијални инвестори. Таквиот бизнис модел е многу ризичен бидејќи трендовите брзо поминуваат и пазарот е премногу стабилен на долг рок. Затоа се верува дека монетарната политика мора да ја одредува Европската Централна банка.


Слично

Поврзани вести