ЗА НОВА ГОДИНА ДОМА: Заврши притворот за Верушевски!
Денес попладне најверојатно екс разузнавачот Зоран Верушевски ќе си замине дома.
Верушевски е првообвинет во случајот „пуч“ а Скопскиот Основен суд донесе одлука за замена на мерката притвор со гаранција и определување мерки за претпазливост.
Од Агенцијата за катастар и недвижности соопштија дека било доставено известување дека е заведен недвижен имот под хипотека во корист на Р. Македонија на обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски кој исто така ќе биде ослободен.
Верушевски во затворот Шутка помина речиси 11 месеци.
Судот ја прифати гаранцијата предложена од бранителите на обвинетите, како и посебниот предлог на обвинителството за определување на мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиштето и привремено одземање на патна исправа.
Поранешниот директор на ДБК, во време кога СДСМ беше на власт, Зоран Верушевски нешто пред 23 часот беше уапсен на 23 јануари. Со полициска придружба тој беше изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје. Полицијата го товари за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела.
