За Никола Тесла и хрватското евро, ЕК нема да се меша
Европската Комисија даде одговор за прашањето за поставувањето на ликот на научникот Никола Тесла на хрватското евро.
„За изгледот на националната страна на евромонетите одлучува државата која воведува евро при што мора да се води сметка за фактот дека евромонетите се во оптек на целото европодрачје, а не само во државата членка која ги издава“, рече портпаролката на Комисијата Дана Спинант.
Србија ќе се жали ако Хрватска на една од монетите го втисне ликот на Никола Тесла кој по потекло е Србин.
Брус Ли има повеќе врски со Србија од Никола Тесла, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Вели дека Србија може да го именува аеродромот во Белград по Брус Ли, бидејќи, како што рече, тој има врски со Србија, како и со Тесла.
Според него, можеби не е во ред Хрватска да го присвојува Никола Тесла, но Србија има уште помалку права на тоа, по повод најавата дека ликот на овој научник ќе биде на хрватското евро, јавува загрепската Н1 телевизија.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека граѓаните на Хрватска се тие што предложиле Никола Тесла да биде на монетите на идното евро и дека тие никогаш не треба да земаат нешто од некого.