За невремето крив е „Бранко“!
Циклонот кој попладнево се очекува да ја зафати Македонија го доби името „Бранко“. Според метеоролозите, овој циклон ќе донесе многу проблеми, повторно обилни врнежи, грмотевици, силен ветер и град, што може да предизвика штети и поплави на одредени места.
Студениот бран ќе дојде од северозапад и се спушта од Алпите. Карактеристично за овој циклон се електричните празнења, па треба да се очекуваат зачестени грмотевици.
Според прогнозите, нестабилно време со обилни врнежи на дожд и грмотевици во Македонија ќе се засржи до петок.
Слично
