ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ПРИСТИГНАТ АВГАНИСТАНЦИТЕ: Рама вели дека нема да каже „не“ на Америка
Првата група од 250 Авганистанци во Албанија пристигнува неделава.
Дипломатски извори за „Гласот на Америка“ потврдиле дека станува збор за преведувачи и соработници на различни нивоа на американските структури во Авганистан. Тие ќе бидат префрлени заедно со нивните семејства.
Еден од членовите на кабинетот на премиерот Еди Рама доби задача да го организира целиот процес на прием и сместување на Авганистанците, кои се очекува да бидат поделени во неколку групи и засолнети во посебни структури, oбјави Ора њуз.
„Вистина е, да, дека последните денови американската влада побара од Албанија да процени дали може да послужи како транзитна земја за одреден број авганистански политички имигранти, чија крајна дестинација се САД. И неспорно нема да кажеме не, не само затоа што тоа го бараат нашите големи сојузници, туку затоа што ние сме Албанија. Албанија е дом на Албанецот кој не ја треска вратата пред непознати луѓе што тропаат за заштита“, рече Рама.Вели дека и Косово би требало позитивно да одговори на сместување на Авганистанците кои бегаат од својата држава, ако тоа го побара САД.
Слично
