За некои Грци нема криза – купувале луксузни имоти во Лондон!
Властите во Грција ги проверуваат таканаречените „златни имоти“ на свои сонародници во Лондон, кои биле купени во екот на кризата од 2009 до 2011 година.
Според грчките медиуми, имињата на околу 400 грчки државјани кои купиле или продале недвижен имот во Лондон се наоѓаат на списокот што го испратила Велика Британија до Грција. Списокот ќе го проверува обвинителството задолжено за финансиски криминал.
Во екот на грчката должничка криза, во периодот 2009-2010 година, интересот на Грците за купувања на имот во Лондон бил толку голем што брокерите ги нарекувале „кеш Грикс“, односно „Грци со готовина“, пишуваат грчките медиуми..Само во 2010 година по изборите, Грците инвестирале околу 295 милиони евра на лондонскиот пазар на недвижности, а се смета дека грчкиот инвестициски „бран“ во Лондон го достигнал својот врв во 2012 година. Грците во Лондон купувале студентски станови за 300 до 500 илјади фунти, но имало и милионери кои избрале поскапи имоти.
Слично
