Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА НЕГО НЕМА РАБОТА: Oвој човек не може да докаже дека е жив

ЗА НЕГО НЕМА РАБОТА: Oвој човек не може да докаже дека е жив

Константин Релиу(63) од Романија ја загубил битката во судот, кога е прогласен за мртов, иако го тврдел спротивното. Судот образложил дека жалбата Релиу ја поднел со големо задоцнување, па одлуката на судот е конечна.

„Мртов сум на хартија, иако сум жив. Немам извор на приход бидејќи документите покажуваат дека сум мртов, не можам ни да најдам работа, не можам да правам ништо во земјата“- вели Релиу.

Медиумите во Романија пишуваат дека мажот се пределил во Турција во 1922-та година и последен пат го посетил семејството во 1999-та година. Во 2013-та година, неговата сопруга побарала од судот тој да биде прогласен за мртов затоа што не чула никакви вести за него. Жената добила посмртница во 2016-та година. Релиу е откриен од турските власти кои воочиле дека работел со истечени документи, па го депортирале назад во Романија. Кога се вратил се уверил дека е прогласен за мртов.

Слично

Поврзани вести