За неетички текст во медиум – жалете се до Комисијата за жалби во Советот за етика
Комисијата за жалби во Советот за етика на медиумите започна да функционира. Ова тело ќе постапува по поплаките за нарушената етика и непрофесионалноста на новинарите во медиумите.
Жалба ќе се поднесува против медиумот, а не против новинарот, а надлежноста на телото е за сите телевизии, радија, весници и интернет-медиуми.
Комисијата за жалби е составена од седум членови, од кои двајца се од редот на новинарите, двајца од сопствениците на медиумите и тројца претставници од јавноста.Според новинарот Мирче Адамчевски, целта е да се заштити јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми.
„Знам дека во денешни услови во Македонија, ваквата цел некои ќе ја наречат донкихотовска. Но, тоа не ни дава за право да не се обидеме да направиме чекор во насока да ги одвоиме професионалците од непрофесионалците“, вели тој.
Сите граѓани, новинари, организации, компании и други субјекти ќе може да ги испратат своите жалби на мејлот info@semm.mk. Комисијата ќе ги разгледува сите претставки, освен анонимните, а констатираните прекршувања прекршителот ќе мора да ги објави на место определено од Советот за етика.
Сите одлуки и мислења ќе бидат објавувани и на веб-страницата на Советот.
На мејлот info@semm.mk сите граѓани, новинари, организации, компании и други субјекти ќе може да испратат жалба
Слично
