Економија, финансии, бизнис

Контакт

За наставниците ставот на СОНК неприфатлив

За наставниците ставот на СОНК неприфатлив

После мирниот протест кој денеска го имаа наставниците пред МОН , СОНК не ги поддржа и сметаат дека протестот е политизиран при што го нагласуваат деполитизирањето на образованието и тргање на рацете од него на сите политички партии.

После реакцијата на СОНК со официјално соопштение излезе и Наставничкиот пленум.

Според нив „Ова е прв чекор кон вистински реформи!“

„Денес, после долго време, наставникот излезе јавно да каже СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ!

Со нашето присуство, со нашиот јавно кажан збор, збор на слободна критичка мисла за подобро образование, покажавме дека сме предводници во борбата за градење подобар образовен систем.

За Наставнички пленум, ова е сериозен исчекор во она што се нарекува јавно спротивставување на образовните политики и јавен повик за мораториум за насила донесените Закони за основно и средно обарзование, Законот за наставници и Законот за Академија на наставници.

Со една емисија во медиумите и денешниот протест, ние го свртевме вниманието на граѓанската јавност која допрва ќе го каже својот став. Но ставот на раководството на СОНК за нас- членовите на НП кои истовремено сме и членови на СОНК, е целосно нејасен. Ова заради тоа што наместо поддршка, СОНК, заради својата немоќ за заштита на правата и интересите на наставниците, изразува страв и демонстрира подготвеност за етикетирање и обвинување на своите членови дека бранат политички туѓи интереси“, стои во нивното соопштение до медиумите.

Ваквиот став на СОНК за наставниците е целосно неприфатлив и е во насока на преиспитување на потребата од членување во синдикална организација која опстојува благодарение на чланарината од членството, а повеќе од две децении носи одлуки кои не се во интерес на членството.

Потенцираат, свесни дека се оставени сами на себе, нашле начин на здружување и организирање во пленум и сите заедно ќе работат на остварување на своите права и интереси.

Наставниците Пленумци, ги повикаа јавно сите наставници, ученици, студенти, професори, родители, граѓански здруженија, да изразат поддршка во оваа нивна борба за подобро образование!

Слично

Поврзани вести