Економија, финансии, бизнис

Контакт

,,За нас се работи”: Битола повеќе не личи на град, а Талески како да не живее тука

,,За нас се работи”: Битола повеќе не личи на град, а Талески како да не живее тука

Граѓанското зружение ,,За нас се работи" од Битола не отстапува од барањето за оставка на градоначалникот Владимир Талески.

,,За три мандати Талески ништо не направи. Битола повеќе не личи на град. Затрупан во диви депонии градот мака мачи и со коритото на реката Драгор, немаме спортска сала, две години нема полигон за полагање возачки испит, граѓаните одат во Прилеп и во Ресен и се изложени на дополнителни трошоци. Кога алармиравме за дивите депонии, од Општината ни рекоа дека за тоа биле предвидени акции два пати годишно, напролет и наесен. Проектот за филмскиот град пропадна...." - велат од здружението за Кирилица.

Покрај ова, најголем проблем со кој се соочуваат е енормното ниво на загаденост на градот. А освен тоа, тие се револтирани од игнорантскиот однос на градоначалникот, кој како што велат ,,го нема ни за жив".

,,Талески како да е иселен од Битола, со месеци не се појавуваше на седниците на Советот, ги игнорира сите граѓански иницијативи и барања за средби. Зимоска велеа дека воздухот е загаден зошто битолчани се грееле на дрва, ами сега на педесет степени, се знае кој е загадувачот! Битола не само што сака чист воздух, туку Битола заслужува да биде дел од демократскиот свет во кој граѓанинот ќе го има централното место кое што му е загарантирано со Устав и со закон" - велат од Здружението ,,За нас се работи".

Инаку, многубројните протести што битолчани ги организираа за загаденоста на воздухот, градоначалникот Владимир Талески ги дефинираше како политичка злоупотреба. Тој тогаш рече дека извесни здруженија имаат за цел да добијат политички поени, а не заштита на животната средина.

Слично

Поврзани вести