Економија, финансии, бизнис

Контакт

За нарачаните шлаканици од Груевски за Жерновски СЈО отвори случај

За нарачаните шлаканици од Груевски за Жерновски СЈО отвори случај

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, повторно е повикан во Специјалното јавно обвинителство, но овојпат за нов предмет поврзан со општина Центар. „Се работи за нарачаните шлаканици врз Жерновски и за демолирањето на општинските бараки. Како што се слуша во една од „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и, пред сите советници и медиуми, да му „врзат три-четири јаки шлаканици" на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар“ - стои во соопштението од општина Центар.

За вандализмот и демолирањето на општината, градоначалникот Жерновски во неколку дописи до екс министерката за внатрешни, Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Иако дел од нив беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани, додаваат од општината.

Слично

Поврзани вести