„ЗА МНОГУ СКОРО ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО НОВАТА ДЕЛНИЦА ОД КЛИМЕНШТАНИ ДО ОХРИД“: Трајановски со нови информации за текот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи објави нови информации за текот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.
„Интезивно работиме на реализација на проектите кој ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево - Охрид .
Денес се започна со поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље,планот e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција.
За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5, напиша тој.
Слично
