За Македонија ќе расправа и Бундестагот
Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент денеска ќе расправа за Македонија.
Дебатата за Македонија во Бундестагот се поклопува со посетата на специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл во земјава.
Членовите на Комисијата исто така ќе расправаат по точките за состојбата во Африка и германско- турските односи, а по Македонија ќе се расправа и за Русија, Косово, Либан и други теми.
Последната расправа за Македонија во Бундестагот се случи во март лани кога комисијата расправаше по информација подготвена од тогашниот специјален пратеник за Македонија, Ернст Рајхел. Сесиите на Комисијата за надворешни работи се одвиваат без присуство на јавноста.
Слично
