Економија, финансии, бизнис

Контакт

За луѓето да можат самостојно да гласаат, мора да се забранат политичките реклами

За луѓето да можат самостојно да гласаат, мора да се забранат политичките реклами

Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) денеска излезе со неколку прекораки за обезбедување независност на медиумите.

Претставниците велат дека нема да дозволат „пазарење” меѓу власта и опозицијата за поделба на влијанието во медиумите и предлагаат длабоки реформи во оваа област.

Тие бараат да се забрани рекламирањето на владата, на локалната самуправа, државните институции и јавните претпријатија, како и забрана за изборно рекламирање на политичките партии . Тие сметаат дека ова е неопходно за гласачите да можат трезвено да гласаат на изборите.

Од ЗНМ бараат и Владата да се откаже од финансирањето на на домашната продукција на приватните медиуми, да се воведе субвенционирање на печатените медиумин и длабоки реформи особено во јавниот сервис МРТВ.

„За жал последните денови слушам разни изговори од некои политички партии дека немало време за сериозни промени во медиумскиот систем. Заговараат политички пазар меѓу власта и позцијата, кој нема да донесе поголема медиумска слобода туку само поделба на влијанието меѓу политичките актери во медиумите. Во ЗНМ вакви аргументи нема да поминат, ние тврдиме дека време за суштински реформи во медиумите има“, рече Насер Селмани, Претседател на ЗНМ.

Од ЗНМ сметаат дека е неопходно да се спроведат овие решенија, за да се надмине оваа криза во медиумите која ја опишаа како ,, власт на самоцензурата, физички напади врз новинари, закани и притисоци и говор на омраза”

Слично

Поврзани вести