За Лондон е најдобро да го напушти еврото?
Поранешниот претседател на Европската комисија Жак Делор и предложи на Велика Британија да излезе од Европската унија и да склопи некој друг вид на партнерство со унијата.
-Британците се грижат само за нивните економски интереси, за ништо друго. Би можело да им се предложи некој друг вид на партнерство, изјави Делор и истакна дека и покрај се може да останат пријатели на унијата, но во друг облик.
-Во случај на нивно напуштање на ЕУ, Велика Британија би останала привилигиран партнер, додаде Делор.
-Оваа земја е стратешки и еконмски многу важна како што се и друѓите земји, како Индија и Кина, објасни Жак.
Конзервативниот британски премиер Дејвид Камерон минатата недела изјави дека го подржува членството на Велика Британија во ЕУ , но и дека неможе да прифати "status quo" и дека сака нов договор со унијата во кој би биле вклучени враќања на некои овластувања од Брисел.
Велика Британија е членка на ЕУ од 1973-та година, но не е членка на еврозоната ниту пак на Шенгенскиот простор без внатрешни граници.
Слично
