Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЛИТАР БЕНЗИН 75 ДЕНАРИ - поскапеа бензините за еден денар, дизелот останува на исто ниво

ЗА ЛИТАР БЕНЗИН 75 ДЕНАРИ - поскапеа бензините за еден денар, дизелот останува на исто ниво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 проценти. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,395 ден/кг.

Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95        73,00  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98         75,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       63,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    63,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                   38,395  (денари/килограм)

РКЕ информира дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,142 отсто, дизелот за 0,066 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,11 отсто и кај мазутот има зголемување за 2,34 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 0,343 отсто.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести