За Левентис Македонија е една и грчка
Македонија е една и грчка, изјави лидерот на грчката партија Унија на центристите, Василис Левентис пред неговите сопартијци.
„Нашата Македонија е повредена и Унијата на центристи нема да дозволи зборот Македонија да постои во името на земјата, иако претходните грчки лидери го прифатија името Нова Македонија“- вели Левентис.
Тој го повика грчкиот народ и сите политички партии да се подготват затоа што според него, во Грција следната година двапати ќе има избори. Според него, „новата Влада нема да може да го понесе товарот на проблемите со кои се соочува Грција и на есен повторно ќе има избори“.
Ова не е прв пат некој од грчките политичари да упати провокативни изјави кон Македонија.
Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос оваа година неколку пати порача дека Македонија е грчка.
