За кризата во Македонија дискутирале Коѕиас и Рама
Случувањата во Македонија и политичката криза беа теми на разговори меѓу грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас и албанскиот премиер, Еди Рама.
Коѕиас изјави дека главни теми на разговор биле билатералните прашања, но и ситуацијата во поширокиот регион, со акцент на состојбата во Македонија.
Тие разговарале за поддржување на иницијативите за решавање на отворените прашања.
Коѕиас се обрати пред Универзитетот во Тирана, говорејќи за грчко -албанските врски. Коѕиас кажа дека не треба да останат нерешени старите отворени проблеми меѓу двете држави кои создаваат пречки за европската перспектива на Албанија.
Грчкиот министер наведе дека Грција на минатонеделниот Процес за соработка на Југоисточна Европа потегнала иницијатива за соработка меѓу Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, сите регионално членки на ЕУ, односно идеја за мал балкански сојуз кој ќе проба да има погласна улога во ЕУ околу европската перспектива на балканските кандидат држави.
