Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кривично дело „Тортура“ следуваат 3 до 8 години затвор

За кривично дело „Тортура“ следуваат 3 до 8 години затвор

Новата истрага која што ја отвори Специјалното јавно обвинителство е наречена „Тортура“ а е поврзана со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски.

Што всушност претставува тортурата и како се дефинира?

Според Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни од 1984 постојат три основни елементи со кои се дефинира тортутрата:

-намерно предизвикување на голема физичка или душевна болка

-постоење на определена цел која може да биде добивање на одредено известување или признание, да се казни за одредено дело, да се заплаши или да се изврши притисок

-извршување од страна на службено лице или друго лице кое дејствува во службено својство

Во нашата правна регулатива тортурата е дефинирана како тешко кривично дело кое е утврдено во член 142 од Кривичниот законик на РМ. Ова кривично дело е насловено како Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко псотапување и казнување и гласи:

„Тој што во вршење на службена дејност, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана или друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривичното дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице , или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово ораво, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години“.

Во случајот на СЈО првоосомничен е директорот на УБК, кој им издавал наредби на припадници на единицата „Алфи“ за апсењето на лидерот на ОМ Бошкоски со прекуморна употреба на средствата за присилба, со што, според неа, се нарушило неговото човечко достоинство и се дискриминал по основ на поинаква политичка определба.

Слично

Поврзани вести