Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кражба и за лажно сведочење бил уапсен владиката Петар ?

За кражба и за лажно сведочење бил уапсен владиката Петар ?

Австралиската полиција за „Мета“ потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење.

„Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс во рамки на истрагата за кражба и лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата“, соопшти полицијата во Викторија“- одговориле на прашањето на Мета, дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.

Владиката Петар, минатата недела демантираше дека полицијата во Мелбурн го уапсила, велејќи дека бил на сослушување по претходно добиена покана. Тој се бранеше дека веста за неговото апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот владика Наум и игуменот Гаврил против кого се води црковно­канонска судска постапка за расчинување.

Слично

Поврзани вести