Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се зголемува ДДВ-то во Русија?

За колку се зголемува ДДВ-то во Русија?

На почетокот на 2026 година, Русија ќе стави дополнителен товар врз буџетите на домаќинствата на граѓаните со зголемување на стапката на ДДВ од 20 на 22 проценти, за да помогне во финансирањето на војната во Украина.

Се очекува зголемувањето да ја наполни државната каса со дополнителни 1,187 трилиони рубљи (13 милијарди евра) само оваа година.

Зголемувањето беше одобрено минатата година, предизвикувајќи критики од бизнисите и потрошувачите кои веќе се борат со висока инфлација и повисоки цени поради западните санкции и последиците од зголемените трошоци за одбрана. Даноците за личен доход, исто така, се зголемија откако почна војната.

Рускиот претседател Владимир Путин во декември изјави дека промената на стапката на ДДВ е неопходна за да се балансира националниот буџет, ветувајќи дека владата планира повторно да ги намали даночните оптоварувања врз граѓаните во иднина, пренесува Пословни.хр.

Тој, исто така, ги повика компаниите да се придржуваат кон даночните прописи, предупредувајќи дека зголемувањето не треба да ја стимулира сивата економија, туку да ги зголеми државните приходи.

Во соопштението објавено во септември, Министерството за финансии се обиде да ја увери јавноста дека сите обврски за социјална политика ќе бидат исполнети, но нагласи дека одбраната и безбедноста, како и обезбедувањето средства за војниците и нивните семејства, се „стратешки приоритети“. Трошоците за војската и безбедноста веќе сочинуваа околу 40 проценти од државните трошоци во буџетот за 2025 година.

Иако воената економија, поттикната од големи нарачки на оружје и високи исплати на војниците и нивните семејства, поттикна очигледен раст во Русија, се појавуваат знаци на нестабилност во цивилните сектори, бидејќи населението страда од инфлација.

Се очекува потрошувачите да го почувствуваат зголемувањето на ДДВ со секоја купување, и покрај тоа што Министерството за финансии планира да ја замрзне даночната стапка на десет проценти за храна, лекови и детски производи.

foto Kremlin

Слично

Поврзани вести