Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се зголемиле трошоците за живот за една година?

За колку се зголемиле трошоците за живот за една година?

Трошоците за живот во јануари 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со јануари 2025, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС). 

На годишно ниво трошоците на живот најмногу се зголемиле кај покуќнината и апаратите за домаќинство 5,8 отсто, кај хрaната (5,5 отсто) и алкохолот (5,3 отсто). Цените на годишно ниво  најмногу пораснале кај индустриските прехранбени производи за 4,8 отсто, прехранбените производи за 4,4 отсто како и кај земјоделските производи за 3,2 отсто.

Само кај транспортот во јануари е забележано намалување од 9,3 проценти. Намалувања има и кај информациите и комуникациите (1,6 проценти), рекреацијата, спортот и културата (1,5 проценти), облеката и обувките (1,2 проценти), како и кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги (0,5 проценти). Од друга страна, раст е регистриран кај домувањето и кај опремата за домаќинствата и редовното одржување (по 1 процент), кај рестораните и услугите за сместување (0,7 проценти), како и кај образованието и кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотици (по 0,1 процент). Храната и безалкохолните пијалаци остануваат на исто ниво како и претходниот месец.

Слично

Поврзани вести