За колку се зголемиле трошоците за живот?
Има мало зголемување на инфлацијата во Македонија.
Трошоците за живот скокнале за 0,2 отсто на месечно ниво, според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4.0 отсто, Облека и обувки за 1.1 отсто, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.9 отсто, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.3 отсто, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 отсто.
Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0.8 отсто, Здравствена заштита за 0.6 отсто, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.5 отсто, Информации и комуникации за 0.2 отсто, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 отсто.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2.9 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 отсто.
