Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се зголемиле цените на земјоделското производство?

За колку се зголемиле цените на земјоделското производство?

Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување.

Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување кај тековно потрошени средства во земјоделството од 2,3 oтсто и  зголемување од 5,7 отсто кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.

Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги каде што е забележан раст од 37,1 отсто и добиточната храна со раст од 9,9 отсто. Во однос на инвестирањето највисоки се трошоците за машини и опрема кои се зголемиле за 7,8 отсто. 

Во делот на пласманот на земјоделските производи (аутпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14,2 отсто,  а цените на добиточното производство се зголемени за 6,5 отсто. 

foto freepik.com/aleksandarlittlewolf

Слично

Поврзани вести