За колку се зголемила невработеноста лани во земјава?
Пораснал бројот на невработени. Бројот на невработени во земјава лани се зголемил за 52.000 луѓе.
52.023 невработени лица има во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка пораснала на 156.432 лица.
„Со состојба на 31.12.2020 година евидентирани се 17026
невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои
престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е
регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот
на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот“, информираат од Агенцијата за вработување.
Универзитетскиот професор Здравко Савески деновиве кажа дека според него, сегашните трендови во економијата во земјава, се чудни.
